Канцеларијата на Европската унија во Скопје вечерва беше осветлена со боите на украинското знаме во знак на солидарност по руската агресија врз Украина.
Пред канцелариите на ЕУ стоеја амбасадорот на ЕУ во земјава Дејвид Гир, амбасадорката на Украина во Северна Македонија Наталија Задорожњук и други амбасадори на земјите од ЕУ во Северна Македонија.



