Македонија

Железничкиот сообраќај повторно во прекин

Железничкиот сообраќај во земјава од седум часот утрово повторно е во прекин, а причина за бојкотот на работата е неисплатениот надомест за материјални трошоци што машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ требало да го добие заклучно со вчера.

Според претставникот на машинскиот персонал, Душко Чакаровски, утрово, пред седум часот, сообраќале само две линии, за Битола и за Гевгелија, по што сообраќајот е во целосен прекин.

Чакаровски објаснува дека бојкотот е согласно Одлуката од ноември лани која предвидува најдоцна до 25 во месецот на машинскиот и извршниот персонал да им биде во целост исплатена платата за претходниот месец, а најдоцна до 10-ти во месецот да ги добијат и материјалните трошоци.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни