Жена продавала лекови за потенција – заработила над 200.000 евра

41-годишна жена заработила НАД 200.000 евра продавајќи нелегални дроги за потенција на мажите и жените преку разни веб-продавници и на социјалните мрежи, поради што се очекува да биде обвинета за нелегална трговија. Бродско-Посавинската полиција денеска соопшти дека е завршена кривичната истрага против 41-годишна жена која од почетокот на 2020 година до август минатата година на интернет нудела нелегални лекови за потенција за жени и мажи на продажба.

Таа е осомничена дека во тој период направила над 4.500 нарачки при што прибавила противправна материјална корист од над 200 илјади евра. Во рамки на увидот, извршен е претрес во нејзиниот дом и други простории и автомобил, каде е пронајдена одредена количина лекови, гелови и таблети за потенција, кои и се одземени.

Полицијата најавува дека против 41-годишната жена ќе поднесе кривична пријава за нелегална трговија.

Поврзани вести

spot_img

Најважното