Свет

Жена загина откако возило на Тесла во режим на самостојно возење удри во куќа во Тексас

Жена загина откако возило на Тесла во режим на самостојно возење удри во куќа во Тексас

Жена загина откако возило на Тесла, наводно во режим на самостојно возење, се удри во куќа во американската држава Тексас, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на истражителите.

Инцидентот се случил околу 20 часот по локално време во петок (01:00 часот по Гринич во сабота) во градот Кејти, кога Тесла Модел 3, управуван од Мајкл Батлер, наводно ја напуштил својата лента, излетал од патот и се удрил во станбена зграда, објави ABC News, повикувајќи се на властите.

Според канцеларијата на шерифот на округот Харис, Батлер го управувал возилото „со помош на автоматизиран систем за возење“ во времето на несреќата.

„Теслата на Батлер се удрила во ѕид од тули со голема брзина и ја удрил М. Авила, која била внатре во куќата“, соопшти канцеларијата на шерифот.

Авила била однесена во болница со хеликоптер, но подоцна била прогласена за мртва, соопштија истражителите.

Властите соопштија дека Батлер е повреден во несреќата, но не покажувал знаци на алкохолна интоксикација и соработувал со истражителите. Истрагата е сè уште во тек и до сабота попладне не се поднесени обвиненија, се додава во извештајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни