Facebook Instagram Mail RSS Twitter Youtube
  • Насловна
  • Македонија
  • Бизнис
  • Балкан
  • Свет
  • Магазин
    • Наука и технологија
    • Кујна
    • Забава
    • Здравје
    • Живот
    • Музика и Филм
    • Стил
    • Соновник
  • Колумни
Барај
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Вработи се
  • Биди наш репортер
  • Прогноза
Facebook
Instagram
Mail
RSS
Twitter
Youtube
  • Насловна
  • Македонија
  • Бизнис
  • Балкан
  • Свет
  • Магазин
    • Наука и технологија
    • Кујна
    • Забава
    • Здравје
    • Живот
    • Музика и Филм
    • Стил
    • Соновник
  • Колумни
  • Насловна
  • Македонија
  • Бизнис
  • Балкан
  • Свет
  • Магазин
    • Наука и технологија
    • Кујна
    • Забава
    • Здравје
    • Живот
    • Музика и Филм
    • Стил
    • Соновник
  • Колумни
4NEWS.mk

Жешко попладне ја очекува Албанија: Парламентот ќе заседава за Мета, опозицијата ќе протестира против Рама

Автор: Деск 4NEWS.MK
08/07/2019 13:50
Facebook
Twitter
Pinterest
WhatsApp
Telegram
Viber
    Facebook
    Twitter
    Pinterest
    WhatsApp
    Telegram
    Viber

      Жешко попладне и вечер во најава на политички план ја очекува денеска Албанија. Законодавниот дом во 17часот ја почнува пленарната седница за формирање анкетна комисија за претседателот Илир Мета, а опозицијата во 20 часот ќе го одржи 10-от „национален протест“.

      Предлогот на Парламентарната законодавна комисија за формирање анкетна комисија, која треба да испита дали претседателот Мета го прекршил Уставот со уредбата за одложување на локалните избори е единствена точка на дневен ред.

      Претходно, уредбата за неважечка ја оцени Централната изборна комисија, без гласот на претседателот, како и Изборниот колегиум (изборен суд), со што пак не се согласува Мета, кој смета дека уредбата се базира на неговите уставни надлежности и е задолжителна за имплементација од сите.
      Се очекува пленарната седница да заврши пред почетокот на протестот на опозицијата, кој е прв по локалните избори одржани на 30 јуни, што таа ги бојкотираше.

      И на вечерашниот, како на претходните девет „национални протести“, колку што опозицијата има одржано во изминатите пет месеци ќе биде побарано заминување на премиерот Рама и формирање преодна влада.

      Овој протест има посебно значење поради фактот што граѓаните се собираат пред Влада да побараат заминување на Рама, во време кога неговата Социјалистичка партија веќе доби 100 отсто од локалната власт по изборите без опозиција.

      Љуљзим Баша, лидер на Демократската партија, која ја предводи обединетата опозиција, освен повикот за што поголема масовност во битката за соочување со инкриминираната влада, од граѓаните побара да избегнуваат инциденти и конфронтација со полицијата.

      Сите во Тирана обединети против криминалната диктатура, во одбрана на слободата и достоинството, обединети против бандата која ограби се, обединети за вашите семејства и деца, за Албанија како Европа. Ниту чекор назад, Рама оди си – напиша Баша на својот профил на Фејсбук.

      Со статус на Фејсбук се јави и почесниот претседател на партијата, Сали Бериша, кој најави „џиновско цунами“ од народ против Рама.

      Застрашувачко и џиновско цунами доаѓа против Едвин Кристаќ крадецот. Во 20 часот сите заедно во Тирана. Рама оди си. Победа- напиша Бериша.

      Апел за масовност упати и лидерката на Социјалистичкото движење за интеграција,Моника Круемади, до „сите кои се чувствуваат понижени и ограбени од Владата на Рама“.

      Според Министерството за внатрешни работи непосредно, за безбедноста на протестот, ќе бидат ангажирани 1.300 до 1.500 полициски службеници, додека единицата за брза интервенција, единицата „Шќипоња“ како и припадниците на Националната гарда ќе бидат во целосна готовност. Пред Владата, Парламентот и МВР поставени се метални огради со бодликава жица, големи рефлектори и безбедносни камери со висока резолуција.

       

       

      Извор: Сител телевизија

      Facebook
      Twitter
      Pinterest
      WhatsApp
      Telegram
      Viber
        2час
        Укината спорната одлука за урбанизам во Тетово, крај за „цртањето“ градежни линии на око
        2час
        ПАДНА ДИЛЕР ВО АЕРОДРОМ: Во подрум криел марихуана, амфетамини и метадон
        2час
        Развојна банка го прекршила правото на новинар, мора да ги открие фирмите кои земале државни кредити
        3час
        Собранието пресече: Техничката влада заминува во историјата
        3час
        За три месеци министерствата потрошиле над 400 милиони евра
        ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ
        1
        Трамп објави фотографија со автоматска пушка: „Иран никако да се соземе, време е да се опаметат“
        2
        Пешевски: Урбанизмот во Македонија станува „убиец“ – секој работен ден е како игра на бинго за преживување
        3
        Русија тврди: Спречен обид за државен удар во Мали по координирани терористички напади
        4
        Лажна дојавата за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје
        5
        Пад на светските берзи: Инвеститорите во исчекување на деловните резултати на технолошките гиганти
        ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ
        Grayscale Image
        Grayscale Image
        Grayscale Image
        Grayscale Image

        СЛЕДЕТЕ НЕ:

        Facebook
        Instagram
        RSS
        Twitter
        Youtube

        Copyright © Brianion Media Group 2018-2026 Сите права задржани

        • Контакт
        • Импресум
        • Вработи се
        • Маркетинг
        • Уредничка политика
        • Политика за приватност
        • Правила и услови на користење
        • RSS