Група револтирани граѓани вечера го блокирале булеварот „Цветан Димов“ во скопската општина Чаир, незадоволни поради проблем со водоводната мрежа.
Од Општина Чаир информираат дека станува збор за спонтан протест на жители кои реагирале поради проблемот со водоснабдувањето.
Според општинските власти, надлежните екипи навремено интервенирале на терен за да го санираат проблемот.
Булеварот „Цветан Димов“ во меѓувреме е ослободен, а сообраќајот се одвива нормално.
Од Општината додаваат дека не се пријавени инциденти и дека ситуацијата е под контрола.