Македонија

Жителите на Идризово упорни: Порадикални протести доколку нема албанска паралелка

Жителите на Идризово настојуваат на отворање на албанска паралелка во село Јурумлери. Нивните барања и маки ги изнесоа преку емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

-Овој проблем постои веќе 11 години. Тука пред мене се сите барања од 2008 и 2009 година. Во тоа време за петто одделение имаше 22 ученици, зборувам за 2008/09. За шесто одделение беа 18, за седмо 7, и за осмо одделение беа 3 ученици.

-Како е можно, претседателот на Собранието говори на албански во Собранието, а нам тука ни велат дека децата не можат да учат на албански. Ова е апсурдно. Не разбирам. Не може еден директор да манипулира како што ќе посака тој.

-Ова е нивно право, да се образуваат на нивниот мајчин јазик, а исто така е и наше право. Јас воопшто не го политизирам ова прашање и ги разбирам нашите соселани Македонци зошто излегуваат и протестираат против нашето право.

Во дебатата, преку телефонска врска се вклучи и министерот Арбр Адеми. Иако неколкупати беше прашан – кога децата од ова село ќе почнат со настава, сепак жителите не добија конкретен одговор. Адеми со став дека паралелката треба да се отвори, но дека е можно директорот на училиштето да е под закани.

-Проблемот е во тоа што некој настојува да го политизира ова прашање. Мислам дека политиката не треба да се меша, туку треба да се процесираат барањата на жителите и да се отвори паралелката. Сега и директорот, и жителите знаат дали се под закани или притисок од одредени луѓе или групи. Најдобро е тој самиот да се произнесе-рече Адеми.

Жителите велат доколку не се отвори паралелката, ќе организираат порадикални протести.

-Овој проблем мора да се реши, бидејќи ќе почнеме со радикални протести и ќе ги блокираме сите улици. Патот ќе се блокира, училиштето ќе се блокира, автопатот ќе се блокира.

Инаку, родителите на 13 ученици од селото Идризово во знак на протест повеќе од 20 дена не ги носат децата на училиште. Велат дека се одлучни во ова, бидејќи како што раскажуваат, со години добивале само ветувања, а ниту едно досега не било реализирано.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни