Жителите на Велигденските Острови гласаа против отворање на туристите

Жителите на Велигденскиот Остров, отсечени од светот повеќе од година и пол поради пандемијата на коронавирус, гласаа на референдум против повторно отворање на туристите.

Против отворањето на островот имало 649 гласа, а „за“ 320, објави на социјалните мрежи локалната заедница Мау Хенуа која стопанисува со националниот парк Рапа Нуи.

На гласањето учествуваа 972 лица – помалку од 20% од населението излезе на гласање.

Резултатот од гласањето не е обврзувачки и конечната одлука ќе ја донесат чилеанските здравствени власти.

Островјаните немаат видено туристи од март 2020 година и од воведувањето на вонредна состојба и здравствени ограничувања.

Чиле има повеќе од 1,6 милиони случаи на инфекција и повеќе од 36.000 смртни случаи од почетокот на пандемијата.

Велигденскиот Остров досега има регистрирано осум случаи на Ковид 19 и ниту еден нов случај од септември 2020 година, а нема смртни случаи за време на пандемијата, според официјалните податоци.

Околу 73 отсто од жителите на Велигденските Острови, 3.600 километри источно од Чиле, се вакцинирани против Ковид 19.