Свет

Жртвите од свлечиштето во Еквадор достигнаа 17 лица, повеќе од 70 се водат како исчезнати

Жртвите од свлечиштето во Еквадор достигнаа 17 лица, повеќе од 70 се водат како исчезнати

Најмалку 17 лица загинаа во лизгање на земјиштето предизвикано од обилните дождови во регионот на Андите во Еквадор, кое однесе дел од градот Алауси, соопштија вчера властите, цитирани од Ројтерс. Уште 72 лица се водат како исчезнати.

Свлечиштето беше активирано во неделата навечер и повторно во вторникот, а досега се пријавени 11 загинати.

Еквадорската агенција за справување со катастрофи извести за 37 повредени, а според официјалните податоци уништени се 57 куќи и вкупно околу 650 лица се погодени.

Надлежните соопштија дека спасувачката операција во областа продолжува.

Претходно овој месец, силниот земјотрес и неповолните временски услови го принудија претседателот Гилермо Ласо да прогласи вонредна состојба во 14-те најпогодени провинции во земјата, според Ројтерс.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни