Зимско искачување на локалитетот Станечки водопади

Петнаесет планинари од Здружението за планинарење, спортскиот клуб „Калин Камен” учествуваа во денешната акција за зимско искачување на локалитетот Станечки водопади во селото Станици, Кривопаланечко.

Се вчитува...

Искачувањето беше прва активност на „Калин Камен” од почетокот на годината.

-Акцијата е спроведена во зимски услови, со релативно добро време, под снежна покривка од околу десетина сантиметри, што дополнително ја разубави идиличната атмосфера во прекрасниот амбиент и природа во овој предел од нашиот град, изјави претседателот на „Калин Камен”, Радмила Крстевска.

До крајот на месецов и во февруари, Здружението ќе организира планинарски акции за искачување на врвовите Чупино Брдо и Царев врв на Осоговските планини, а ќе го организира и т.н. Февруарски поход.

„Калин Камен” на осми февруари ќе одбележи и мал јубилеј, пет години од формирањето. 

Извор: Сител телевизија