Македонија

Злате Мехмедовиќ нов директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација

Злате Мехмедовиќ нов директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација

Доктор Злате Мехмедовиќ ќе биде новото решение за директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Скопје.

Мехмедовиќ во моментов ја извршува функцијата на портпарол на Комисијата за заразни болести. Роден е на 18 ноември 1976 година. Бил поранешен директор на Здравствниот дом на Скопје и поранешен претседател на Македонското здружение за медицина на трудот. Работи како координатор на Надзорниот одбор за реформи во ПЗЗ, координатор за дигитализација во здравството, национален координатор на Светската здравствена организација за ПЗЗ, национален координатор на СЗО за човечки ресурси во здравството и национален координатор на СЗО за тимовите за ургентни состојби.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни