Breaking ФОТО Се сруши 60 метарскиот јарбол со македонското знаме кај Ист Гејт
Македонија

Златко Перински ја презема функцијата директор на Фондот за здравствено осигурувањe

Златко Перински ја презема функцијата директор на Фондот за здравствено осигурувањe

Златко Перински е назначен за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, одлучи Владата на денешната седница.

На функцијата доаѓа по предлог на министерот за здравство Сашо Клековски, кој претходно раководеше со Фондот, а неодамна беше избран за министер за здравство.

Перински досега ја извршуваше функцијата министер за локална самоуправа, а по владината реконструкција на неговото место беше назначен Иван Стоиљковиќ.

Тој е магистер по менаџмент на човечки ресурси и има долгогодишно искуство во јавниот сектор. Пред министерската функција беше генерален директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, а претходно раководеше и со Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни