4NEWS.mk

Золтан Ковач: ЕУ треба веднаш да почне преговори за членство со Македонија

Европската унија би требало веднаш да ги започне преговорите за членство на Македонија, изјави унгарскиот државен секретар за меѓународни односи, Золтан Ковач.

Ковач, за време на посетата на Виена, истакна дека унгарската Влада верува оти проширувањето на ЕУ кон Западниот Балкан треба да биде приоритет на Брисел, нагласувајќи дека Будимпешта е против одлагање на приемот на западнобалканските земји во Унијата.

– Историјата покажува дека секогаш настануваат проблеми кога не посветуваме внимание на регионот. Обединувањето на Европа е нешто што се уште не завршено, истакна Ковач, додавајќи дека смета оти Србија и Црна Гора се подготвени за членство во ЕУ.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни