Македонија

Зошто е затворен БОБ ФРЕШ МАРКЕТ и зошто никој нема пристап?

Зошто е затворен БОБ ФРЕШ МАРКЕТ и зошто никој нема пристап?

Боб Фреш Маркет е затворен, ниту купувачите ниту вработените немаат пристап, влезот е целосно блокиран од Агенција за обезбедување, пишува Телма телевизија.

Според телевизијата, закупникот, Иван Вања Димитровски, не добил никакво официјално известување ниту од сопственикот на имотот Гранит, ниту од општина Карпош, а се жали дека иако имал договор на 10 години, сепак по само 7 месеци откако почнал со работа на оваа локација, дејноста му е стопирана.

Градоначалникот Стевчо Јакимовски изјавил дека закупникот со месеци не плаќал кирија и сметки за струја, додека пак закупникот се жали дека неколку месеци не добива фактури и не може да ги плати сметките.

Проблемот, како што пишува телевизијата всушност настанал во септември кога тој бил повикан на состанок со Гранит на кој му кажале дека ќе му се раскине договорот бидејќи на тој простор има намера да гради објект.

Извор: Телма

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни