10 физички пресмети во билтенот на МВР само во текот на вчерашниот ден

На 29.08.2021 во 11.15 часот во ОВР Кавадарци, 17 годишен малолетник од с.Дреново,кавадаречко пријавил дека на 28.08.2021 околу 23.30 часот во с.Дреново бил физички напднат од Ф.Б. и Х.Ј. двајцата од с.Дреново. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 28.08.2021 околу 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред пазар на подрачје на Центар дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.Т.(43) и Љ.С.(56), додека П.Д.(44) агресивно се однесувал, сите од Скопје. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 29.08.2021 во 00.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на угостителски објект на подрачје на Центар по претходно недоразбирање е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.К.(44) и Ж.Н.(43) двајцата од Скопје, од една страна и М.М.(25) од Куманово и С.С.(26) од Скопје, од друга страна. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл. 11  од ЗППЈРМ.

На 28.08.2021 година во 19.00 часот во Полициска станица Македонски Брод, од З.К.(37) од с.Близанско, Македонски Брод било пријавено дека околу 18.00 часот пред продавница во с.Суводол, Македонски Брод тој и С.Б. од с.Самоков биле физички нападнати од Н.М. од с.Ропотово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 28.08.2021 во 22.15 часот во СВР Куманово, Р.Р.(44) пријавил дека околу 19.30 часот  во близина на маркет во с.Љубодраг по претходна расправија бил физички нападнат од повеќе лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.08.2021 околу 00.30 часот во СВР Куманово, С.Т.(25) пријавила дека на плоштад во Куманово била физички напдната од Д.Ј.(41). Сочинет е записник за констатиран прекршок по по чл.12 и чл.4 од ЗППЈРМ.

На 29.08.2021 во 06.00 часот во СВР Охрид, З.Р.(28), Б.Ч.(28) и Р.С.(23) сите од Струга пријавиле дека пред угостителски објект во с.Волино биле физички напднати од К.С., И.Т. и уште едно лице, сите од село с.Волино. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 28.08.2021 во 19.15 часот во СВР Штип било пријавено дека на паркинг пред угостителски објект во с.Луковица – Македонска Каменица, Д.С.(44) од Македонска Каменица физички го нападнал Д.Т. од Македонска Каменица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.08.2021 во 23.50 часот во Полициска станица Гевгелија, Ѓ.М.(37) од Гевгелија пријавил дека околу 20,30 часот во круг на основно училиште во Гевгелија неговиот малолетен син бил физички нападнат од Ј.С.(56) од Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 28.08.2021 околу 19,20 часот во с.Требино, Македонски Брод од полициски службенци се приведени С.Ц.(31) од с.Требино, Љ.В.(30) од с.Челопек,тетовско, Т.П.(36) од с.Долно Седларце,тетовско и С.Ц.(71) од с.Требино кои агресивно се однесувале и физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејства. По документирање на случајот против пријавените ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното