Поминаа 10 години откако американската Национална воздушно-вселенска агенција НАСА го испрати своето вселенско летало „Џуно“ на пат без враќање.
Целта беше истражување на Јупитер, односно на најголемата планета во нашиот Сончев систем.
Во месец јули во 2016 година сондата пристигна до орбитата на Јупитер, а НАСА ја одбележа десетгодишнината од лансирањето од Земјата во 2011 година.
По тој повод беше објавена фотографија одблизу од најголемата месечина на Јупитер – Ганимед, снимена на 20 јули.
Инаку, Ганимед не е познат само затоа што е најголем природен сателит на Јупитер, туку затоа што е и најголемо такво тело воопшто, во целиот Сончев систем, а благодарение на инфрацрвената камера „ЈИРАМ“ на „Џуно“, може да се види неговата ледена обвивка и подвижните океани под неа.
Следниот голем чекор за „Џуно“ доаѓа во септември 2022 година кога ќе се позиционира за близок поглед на Јупитеровата месечина Европа, а летот кон Јо ќе следи само година подоцна.
НАСА ја продолжи мисијата на вселенското летало „Џуно“ до 2025 година, кога се очекува нејзиниот конечен крај.
Инаку, овие вселенски летала не се враќаат на Земјата бидејќи завршуваат со уништување, а истото ќе се случи и со оваа сонда, која ќе биде привлечена и уништена од гравитацијата на Јупитер.
