Македонија

11 нови случаи на ХИВ/СИДА во јули, најмладиот пациент има 20 години

11 нови случаи на ХИВ/СИДА во јули, најмладиот пациент има 20 години

Единаесет нови случаи на ХИВ/СИДА се регистрирани во Македонија во текот на јули, покажуваат најновите податоци од билтенот за движењето на акутните заразни заболувања.

Од новорегистрираните случаи, девет се мажи и две се жени, а станува збор за лица на возраст од 20 до 49 години.

Со новите случаи, бројот на лица кај кои во земјава е евидентиран ХИВ/СИДА во периодот од 1987 до 2026 година достигна вкупно 765.

Од вкупниот број регистрирани лица, 141 починало, додека 508 лица живеат со ХИВ/СИДА. За 116 лица, пак, нема податоци за понатамошно следење и се водат како изгубени од следење.

Во јули се регистрирани и други сексуално и крвно-преносливи инфекции. Пријавени се седум случаи на сифилис и четири случаи на вирусен хепатитис Б.

Дополнително, евидентиран е по еден случај на гонореја, инфекција со хламидија и вирусен хепатитис Ц.

Податоците се дел од најновиот билтен за движењето на акутните заразни заболувања во земјава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни