Бленди Ходаи од Форумот за образовни промени направи споредба меѓу субвенционирањето на студентскиот оброк во Македонија и Словенија, посочувајќи дека македонските институции не ја следат инфлацијата при утврдувањето на износот.
„Пред четири години во Словенија субвенционираниот студентски оброк преку боновите што ги имаат таму бил околу 3,5 евра. Денеска е 5,32 евра. Значи, го усогласувале секоја година според инфлацијата. Кај нас тоа не се случува“, изјави Ходаи во „Ноќно студио“ на 4ТВ.
Тој потсети дека Форумот за образовни промени во 2023 година предложил законска одредба со која износот на студентскиот оброк треба да се усогласува со инфлацијата.
Според него, токму непочитувањето на оваа одредба е една од главните причини за незадоволството кај студентите.