Балкан

12 часа: 50 рудари заробени во рудникот „Трепча југ“

12 часа: 50 рудари заробени во рудникот „Трепча југ“

– Во рудникот „Трепча Југ“ од синоќа околу 50 рудари се заробени на 900 метри под земја.

Рударите се заробени 12 часа, а причината е проблем со струјата, јави порталот Лајми, пренесува Косово онлајн.

Според порталот, рударите од ноќната смена, кои почнале со работа на полноќ, останале заробени во рударското окно.

“Во моментов состојбата е добра. На шпоретот остана храна. Разговаравме со нив, во добра состојба се бидејќи имаат вентилација и светлина. Проблемот е со лифтот”, вели еден од рударите.

Овој портал се обидел да добие одговор од директорот на рудникот Беџет Винартчи, но тој не бил достапен, пренесува Бета.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје 15.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни