12 години од смртта на Тоше Проески

„Македонскиот пејач Тоше Проески загина утрово во сообраќајна несреќа во Хрватска. Како што јавија хрватските медиуми, несреќата се случила кај Нова Градишка во западна Славонија“, оваа информација пред 12 години ги шокираше Македонија и Балканот кои тагуваа по Тоше.

Една од најголемите македонски музички ѕвезди на денешен ден во 2007 година го загуби животот во сообраќајна несреќа на само 26 години. Тоше зад себе остави големо музичко наследство, но воедно и изјави на различни теми по кои ќе го паметиме.

Македонија и Балканот денеска се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред 12 години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното