125 компании сѐ уште не ги исплатиле платите за мај, април и јуни, информираше денеска директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.
Овие компании и кривично ќе одговараат поради неисплаќањето на своите работници.
-За овие работодавачи доставени се детални податоци во Јавното обвинителство за покренување на кривична постапка, рече Лукаревска.
Спроведена е и присилно наплата, со што е намален бројот на ваквите компании.
-Со состојба на 31.12.2020 година платата сѐ уште не е исплатена. И тоа – априлската плата од 50 компании за 108 вработени, платата за месец мај од страна на 38 компании за 66 вработени лица, а платата за месец јуни не ја платиле 64 компании за 160 вработени лица, рече Лукаревска.