Македонија

125 новозаразени со Ковид-19 и две жртви – Филипче бара медиумите да не се натпреваруваат со ексклузивитет

125 ново инфицирани со  „Ковид 19“ во последните 24 часа, а само 8 пациенти се излечени. Две лица ги загубија животите, едниот пациент од Прилеп на возраст од 73 години и другиот пациент од Струмица 67 години.

Скопје 46, Куманово 19, Штип 17, Прилеп 1, Тетово 16, Струга 7, Велес 3, Битола 1, Охрид 5, Гостивар 6, Кочани 1, Делчево 1 и Неготино 2.

Министерот за здравство преку Фејсбук им порача на медиумите да не објавуваат непроверени информации за бројот на пациенти со „Ковид-19“. Тој вели дека голем број на медиуми објавуваат информации рано наутро и скоро секогаш се неточни за бројот на новозаразени.

„Со тоа се внесува конфузија кај населението и недоверба во институциите, а искрено верувам дека ова не е целта. Објавувањето на број на новозаразени со Ковид-19 од страна на медиумите не смее да биде трка на ексклузивитет, затоа што станува збор за чувствителни информации за здравјето и животот на граѓаните“, вели Венко Филипче.

Вкупниот број на дијагностицирани  случаи во нашата земја од почетокот на епидемијата е 2915 пациенти, бројот на оздравени е 1640, бројот на починати е 151, а бројот на активни случаи во земјава е 1124.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни