Поради трагична несреќа во која загина 13-годишно момче, откажана манифестацијата Каменичко културно лето
Порди трагична сообраќајна несреќа во која животот го загуби 13-годишно момче од Македонска Каменица, откажана е манифестацијата Каменичко културно лето.
” Општина Македонска Каменица и јас како градоначалник изразуваме најдлабоко сочувство до семејството. По повод овој трагичен настан сите активности поврзани со Каменичко културно лето се откажуваат, а во општината се порогласува тридневна жалост” , изјави за ТВ Стар градоначалникот Димчо Атанасовски.
Како што дознава ТВ Стар несреќата се случила при берба на дрва. На враќање тракторот во кој било и момчето се превртел, при што тоа загинало на лице место, а возачот со повреди е пренесен во КБ – Штип. Неговата состојба е стабилна.