Физички напад врз 12-годишно девојче се случил во соблекувална на спортска сала во општина Илинден, откако две малолетнички ја нападнале по претходно меѓусебно нетрпение.
Случајот бил пријавен на 26 ноември во Секторот за внатрешни работи Скопје од страна на таткото на девојчето, 44-годишен жител на скопско.
Според пријавеното, нападот се случил во просториите на соблекувалната во спортската сала, каде што двете малолетнички физички го нападнале девојчето.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.