13 лица ја изгубија битката со ковид-19 – најмладите 35 и 39 години

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на ковид-19.

Регистрирани сe 393 оздравени пациенти, а регистрирани се и 13 починати лица.

  • 6 починати лица од Скопје (39г, 71г, 74г, 77г, 80г и 81г)
  • 2 починати лица од Куманово (75г и 80г)
  • Едно починато лице од Берово (77г)
  • Едно починато лице од Битола (69г)
  • Едно починато лице од Велес (71г)
  • Едно починато лице од Македонска Каменица (35г)
  • Едно починато лице од Ресен (76г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 4 починати лица со датум на смрт од 29.11.2021 до 04.12.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Струмица (1), Битола (1). Починатите лица се на возраст од 58 до 78 години. Три лица се починати во домашни услови и едно лице починат во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.485.944 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.400, бројот на оздравени пациенти е 203.967, на починати е 7.658, а бројот на активни случаи изнесува 5.775.

Поврзани вести

Поради необичната игра што ја смислија, куче и мачка се хит на Интернет

Мачето Лео и кучето Кампер се неразделни пријатели. Дуото постигна голема слава и на социјалните мрежи, а причината за тоа е интересна игра, во која уживаат и двајцата. Имено,...

Владата одлучи: Се намалува периодот на изолација или карантин на 7 дена

Лицата кои се лабораториски потврдени на КОВИД-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а кои не развиле симптоми на болест односно се асимптоматски случаи на КОВИД-19 им се одредува домашна...

Владата доцна вечерва донесе одлука – еве кога и како ќе започне учебната година

На денешната седница Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари. Оваа одлука е донесена врз основа на...

Почина Ратка Бакалиноска – првоборец и носител на Партизанска споменица 1941 година за учество во НОБ

По кусо боледување, вчера на 95-годишна возраст почина Ратка Бакалиноска, првоборец и носител на Партизанска споменица 1941 година за учество во Народноослободителната борба (НОБ), и одликувана со повеќе ордени и признанија на...

Најважното

Владата одлучи: Се намалува периодот на изолација или карантин на 7 дена

Лицата кои се лабораториски потврдени на КОВИД-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а...

Владата доцна вечерва донесе одлука – еве кога и како ќе започне учебната година

На денешната седница Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари.

2.019 нови случаи на ковид-19 – пријавени 19 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 6.119...

Возачот е виновен за автобуската несреќа кај Струма, утврдиле бугарските истражители

Бугарската националната истражна служба го затвори случајот за несреќата на автопатот Струма во која загинаа 45 лица, изјави за БГНЕС шефот на...

Ковачевски се сретна со Борисов: Да се развива довербата и да продолжи поддршката од Бугарија за членство на Северна Македонија во ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, покрај програмата за неговата официјална посета на Република Бугарија одржа уште неколку активности,...