Свет

15-годишник во костим на кловн обвинет за убиство на пензиониран воен ветеран во САД

15-годишник во костим на кловн обвинет за убиство на пензиониран воен ветеран во САД

Петнаесетгодишно момче е обвинето за убиство откако, според информациите од локалните власти, облечено во костим на кловн без никаков повод со нож усмртило 78-годишен маж на автобуска станица во близина на Сент Луис. Полицијата потврди дека располага со видеоснимка на која јасно се гледа осомничениот облечен во кловновска облека, пренесува АП Њуз (AP News).

Жртвата и околностите на нападот

Полицијата од Ист Сент Луис во понеделникот на улица го пронашла телото на 78-годишниот Џон В. Ален од Џенингс, Мисури. Неговото семејство за локалните медиуми изјави дека Ален бил воен ветеран од морнарицата, пензиониран возач на автобус и длабоко религиозен човек. Тие веруваат дека за време на нападот тој престојувал во Ист Сент Луис за да ги посети своите роднини.

Истрага и судска постапка

Државните инспектори брзо го идентификувале осомничениот, по што 15-годишното момче било уапсено во една куќа. Идентитетот на тинејџерот не се објавува поради неговата возраст, а во четвртокот против него беше поднесено обвинение за свирепо убиство.

Истиот ден тој бил изведен пред Судот за малолетници и ќе остане во притвор најмалку до следното рочиште, потврди Крис Ален, портпарол на обвинителството во округот Сент Клер. Обвинителството побара предметот да биде префрлен на редовен суд, со цел на малолетникот да му се суди како на возрасно лице. Канцеларијата на јавниот бранител, која го застапува осомничениот, засега нема коментар за случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни