Свет

15 компјутери со податоци од нуклеарни централи украдени во Франција

15 компјутери со податоци од нуклеарни централи украдени во Франција

Во Марсеј, од просториите на компанијата „Ендел“, специјализирана за индустриско одржување на делови што се користат во нуклеарните централи во Франција, се украдени петнаесет компјутери со конвенционални податоци од нуклеарни централи, објави денес „Фигаро“.

Компјутерите биле украдени викендов без упад, а кражбата дури во понеделникот наутро ја забележале вработените во „Ендел“.

Француската компанија за електрична енергија (ЕДФ) по спроведената истрага за „Фигаро“ соопшти дека во украдените компјутери нема чувствителни податоци. Сепак, полициски извор изјави дека компјутерите содржеле чувствителни податоци за француските нуклеарни локации.

 

 

 

 

Обвинителството во Марсеј соопшти дека веднаш била отворена истрага за кражбата, пренесе Танјуг.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни