Шеснаесет годишнишниот македонски пливач Марко Пејчиновски постигна неверојатен успех и по речиси 22 часа пливање успеа да исплива рекордни 64 километри во Охридското езеро на релација Охрид-Струга-Свети Наум-Охрид.
Тој влезе во водите на Охридското езеро вчера нешто пред 12 часот на пладне, а утринава пред 10 часот пристигна на охридското пристаниште.
Пејчиновски во 2019 година се обиде да ја исплива оваа релација но мораше да прекине со пливањето поради болки во нога./Глас на Америка
