Флоринда Зекировски е исчезната од 11.06.2026 година околу 08:00 часот во Корнвестхајм, Германија.
Таа последен пат била видена како заминува на работа во градинка во Корнвестхајм. Според информациите од семејството, последниот сигнал од нејзиниот телефон е забележан во Тибинген.
Во моментот на исчезнувањето, таа носела бела јакна, црни фармерки и имала сива торба.
Полицијата е известена и го истражува случајот, додека семејството продолжува со потрагата. Се претпоставува дека може да се наоѓа во подрачјето на Штутгарт или во други околни градови.
Доколку сте ја виделе или имате каква било информација што може да помогне во нејзиното пронаоѓање, ве молиме веднаш контактирајте на: +49 176 41256860
Секоја информација, без разлика колку е мала, може да биде важна за пронаоѓање на Флоринда.