Свет

17 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кина

17 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кина

Најмалку 17 лица загинаа, а 22 се повредени во сообраќајна несреќа во источната кинеска провинција Џиангси. Ова го објави кинеската централна телевизија, цитирана од ТАСС.

Повредените добиваат итна медицинска помош во локалните болници, се вели во соопштението.

Кинеските власти ги истражуваат причините за сообраќајната несреќа.

Не се соопштуваат повеќе детали за инцидентот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни