Breaking Жестока расправија меѓу Филипче и Славески за „Алта банка“ – гувернерот му порача: Разумен човек би го избришал срамниот пост!
Свет

180 Италијанци повредени од огномет на новогодишната ноќ

180 Италијанци повредени од огномет на новогодишната ноќ

Во Италија на новогодишната ноќ 180 лица се повредени од огномет, од кои 48 се хоспитализирани, соопштија властите, повикувајќи се на локални и странски медиуми. Минатата година имало помалку повредени – 124 лица. Значително е зголемен и процентот на засегнати малолетници – од 20 на 50.

Регистрирани се голем број сериозни инциденти во јужните региони на земјава, каде прославите традиционално се помасовни. Во Таранто, 10-годишно момче го загуби зглобот од експлозија на петарда. Во Лече, 80-годишен маж е хоспитализиран во тешка состојба, откако петарда експлодирала премногу блиску до неговата глава, предизвикувајќи хеморагија. Во Неапол и околината каде во култ беше подигнат огнометот, повредени се 16 лица, меѓу кои и две деца со повреди на очите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни