Breaking И сметките влегуваат во лимитот од 10.000 денари неделно во АЛТА банка, исклучок се обврските кон самата банка
Во живо Вонредна прес конференција Зборува губернерот Трајко Славески Гледај
Македонија

„Алта банка“ ги затвора експозитурите од понеделник – клиентите нема да можат да добиваат услуги на шалтер

„Алта банка“ ги затвора експозитурите од понеделник – клиентите нема да можат да добиваат услуги на шалтер

„Алта банка“ АД Битола соопшти дека од утре, 2 ноември 2026 година, сите нејзини експозитури привремено ќе престанат да работат со клиенти, до дополнително известување.

Од банката информираат дека одлуката следува по воведувањето привремени заштитни мерки од страна на Народната банка, со кои се ограничува користењето на средствата од сметките на физичките лица.

Според новите правила, граѓаните ќе можат да користат најмногу 10.000 денари неделно преку платежните картички издадени од банката.

„Преземените мерки имаат превентивен карактер и се насочени кон заштита на средствата и интересите на клиентите“, соопштија од „Алта банка“.

Засега не е познато кога експозитурите повторно ќе почнат да работат со клиенти. Од банката најавуваат дека за сите промени и дополнителни информации јавноста ќе биде навремено известена преку официјалните канали.

Одлуката доаѓа откако Народната банка воведе привремена администрација во „Алта банка“ АД Битола, по случувањата поврзани со нејзиниот акционер во Србија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни