Министерството за здравство информира дека денеска до 13:00 часот вакцинирани се 24 деца или вкупно 4 328 деца со МРП вакцини.
Во текот на вчерашниот ден на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби примен е 19 годишен пациент, префрлен од Клиниката за детски болести, кој добил морбили и е во потешка здравствена состојба. Амбулантски прегледани се 4 деца суспективни за морбили, на возраст од 7 месеци до 2 години. Сите 4 деца пуштени се на домашно лекување. Постабилна е здравствената состојба надетето со церебрална парализа кое беше во потешка состојба. Исто така, подобрена е и постабилна состојбата и на 8 годишното девојче кое има астма исе заразило со морбили и варичела. Во моментов, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојбиима вкупно 18 пациенти со морбили.
Родителите да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство.На трите пунктови во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит-пазар“ и „Ѓорче Петров“ има дежурни лекари секој работен ден од 19.30 часот до 7.30 наутро, а за викендите се на располагање 24 часа во текот на денот. Во работните денови, родителите треба децата прво да ги однесат на матичен лекар. На овие три места ќе се вршат комплетни прегледи со лабораторија на децата чии родители ќе се посомневаат дека можеби се заболени од морбили (мали сипаници). Доколку лекарите утврдат дека е потребно, пациентите ќе ги упатуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
Вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со проверен квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење.