Македонија

19-годишна гостиварка тешко повредена откако со возило ја удриле и избегале!

19-годишна гостиварка тешко повредена откако со возило ја удриле и избегале!

Ноќеска (16 декември 2023) околу 02.00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улица „Живко Брајковски” во Гостивар патничко моторно возило удрило во 19-годишната гостиварка К.С. и го напуштило местото.

Во несреќата, К.С. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”.

На местото на несреќата, во координација со јавен обвинител, увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни