Македонија

ФОТО Како од разгледница: Волшебни зимски пејзажи од Пелистер

ФОТО Како од разгледница: Волшебни зимски пејзажи од Пелистер

Националниот парк „Пелистер“ кај Битола блесна во своето зимско руво. Снежните врнежи ги претворија планинските предели во вистинска зимска бајка, создавајќи фотографии кои го одземаат здивот.

Препознатливите молики, планинските патеки, камените предели и дрвените летниковци се покриени со снег, а ледените висулци дополнително ја надополнуваат зимската атмосфера.

Белата прекривка ги истакна природните убавини на еден од најживописните национални паркови во Македонија, создавајќи амбиент како од зимска разгледница.

На само неколку дена пред почетокот на декември, Пелистер ја најавува зимската сезона во полн сјај, нудејќи прекрасни глетки за љубителите на природата, планината и снегот.

Фотографиите најдобро ја доловуваат магијата на заснежениот Пелистер.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни