За оваа зима „Македонија пат“ за купување на индустриска сол ќе потроши 2,4 милиони евра.
Според информациите кои се достапни на Јавни набавки, тендерот како и минатата така и оваа го добила демирхисарската фирма „Димакс рудници ДООЕЛ“. При барањето на понуди, ниту една друга фирма не доставила понуда за индустриска сол.
За 4 години „Димакс рудници“ од „Македонија пат“ добила 47 тендери. Од нив највредни се двата за набавка на сол и двата за превоз на материјали.
Цената по тон е нешто над 100 евра.
