Младо момче е убиено во пукање што се случи синоќа во ресторан за ќебапи во Сомур, во францускиот департман Мен и Лоара, кога непознат маж вооружен влегол во објектот.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, полицијата активно трага по напаѓачот кој побегнал по пукањето што се случило околу 18 часот по локално време.
Додека неколку луѓе вечерале на терасата од ресторанот, влегол маж со пиштол во рака и почнал да пука кон масата каде убил 21-годишно момче, кое било рането во стомакот и ранет уште еден во рака, пренесува Блиц.
Полицијата соопшти дека напаѓачот е во бегство, а како причина се наведува долг од 80 евра кој жртвата му го должи на напаѓачот.
На масата имаше вкупно пет гости.