Вчера околу 20 часот на магистралниот пат „Арбен Џафери“ во Косово била пронајдена девојка без знаци на живот.
Полицијата извршила увид, а според нив се работи за 23 годишна државјанка на Украина.
„Денеска околу 20:00 часот на магистралниот пат „Арбр Џафери“ правец Феризај-Приштина, полициската патрола на автопатот забележала лице кое лежи на коловозот (лентата за итна помош). Полицијата ја повика итната помош, а дежурниот лекар потврди дека женското лице, странска државјанка, е без знаци на живот. На терен излегоа соодветните единици за постапување со случајот, како и обвинителот. По наредба на обвинител мртвото тело е испратено на обдукција во ИМЛ“, порачаа од полицијата.
Според надлежните, првите сомнежи досега се дека жртвата починала од сообраќајна несреќа.
