230 нови случаи на коронавирус во Скопје – Аеродром со најмногу активни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1325 тестирања, а регистрирани се 565 нови случаи на коронавирус од кој само во Скопје се 230.

Активни случаи по општини во Скопје денеска:

  • Аеродром – 869
  • Карпош – 741
  • Центар – 668
  • Гази Баба – 650
  • Кисела Вода – 649
  • Ѓорче Петров – 402
  • Чаир – 275
  • Бутел – 266
  • Илинден – 121
  • Шуто Оризари – 53
  • Сопиште – 43
  • Сарај – 38
  • Петровец –38
  • Чучер Сандево – 28
  • Студеничани – 21
  • Зелениково -16
  • Арачиново -10

Во моментов нераспределени има 109, додека пак странци се 45.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 32997, бројката на оздравени пациенти е 21244, на починати е 1025, а бројот на активни случаи изнесува 10728.

.

Извор: ТВ21