Македонија

Затворени избирачките места во Брвеница

Затворени избирачките места во Брвеница

По затворањето на избирачките места во Брвеница, започнува исчекувањето на првичните резултати од предвремените локални избори за градоначалник. Според податоците објавени до 18:30 часот, своето право на глас го оствариле 7.241 граѓанин, односно 44,57 проценти од запишаните избирачи.

Жителите на десетте населени места во општината денеска избираа нов градоначалник, по ненадејната смрт на досегашниот градоначалник Јовица Илиевски, кој почина на 23 јуни 2026 година, на 58-годишна возраст.

Избирачките места беа отворени во 7 часот наутро, а во Избирачкиот список се запишани вкупно 16.256 граѓани. Од нив, 449 се на привремена работа во странство, додека девет избирачи се евидентирани во затвор или притвор.

За градоначалничката функција се натпреваруваа шест кандидати од четири политички блока и двајца независни кандидати. Стојанчо Радически е кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Радески е кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, Јакуп Усеини настапува од коалицијата ВРЕДИ, а Аркин Јахији е кандидат на Националната алијанса за интеграција (НАИ). Во изборната трка учествуваат и независните кандидати Душан Богдановски и Арифе Идризи.

Функцијата вршител на должноста градоначалник во изминатите месеци ја извршуваше Роберт Милошески.

По завршувањето на гласањето, се очекуваат првичните резултати кои ќе покажат кој од шесте кандидати ја добил поддршката од мнозинството граѓани во Брвеница.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни