Свет

26-годишен донел експлозив во хотел во Париз: Осомничен за учество во терористички заговор!

26-годишен донел експлозив во хотел во Париз: Осомничен за учество во терористички заговор!

Француската полиција денес соопшти дека уапсила 26-годишен маж од украинско-руска националност, кој поседувал експлозив во хотел на северот на Париз.

Неименуван извор од француската антитерористичка единица (ПНАТ) потврдил дека оваа служба го презела случајот и отворила истрага поради сомневање дека уапсениот учествувал во терористички заговор, пренесува Ројтерс.

Истиот извор изјави и дека во истрагата се вклучила и француската агенција за внатрешно разузнавање ДРМ.

Телевизијата БФМ, повикувајќи се на извор запознаен со случајот, објави дека уапсениот се обидувал да направи експлозивна направа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни