Македонија

26 починати лица од ковид-19 – најмладиот 29 години

Министерството за здравство информираше дека во текот на изминатите 24 часа, регистрирано се 22 починати лица:

  • 10 починати лица од Скопје (49г, 52г, 59г, 62г, 67г, 68г, 70г, 71г, 85г и 87г)
  • 2 починати лица од Гевгелија (67г и 75г)
  • 2 починати лица од Охрид (79г и 86г)
  • 2 починати лица од Струга (73г, и 74г)
  • Едно починато лице од Битола (84г)
  • Едно починато лице од Делчево (75г)
  • Едно починато лице од Кичево (86г)
  • Едно починато лице од Кратово (29г)
  • Едно починато лице од Неготино (56г)
  • Едно починато лице од Струмица (82г).

Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 починати лица, Кичево (2), Валандово (1) и Тетово (1). Починатите се на возраст од 56г до 81г.

Пријавените лица се починати во домашни услови, во период од 26.01.2022 -27.01.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=26), 14 лица се целосно вакцинирани, а кај сите се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.788.251 тестирања на КОВИД-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 268.901, бројот на оздравени пациенти е 246.864, на починати е 8.409, а бројот на активни случаи изнесува 13.628.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни