Кога фантазијата ќе почне да работи со полна брзина, се создаваат чудесни креации и тоа речиси без вложен динар!
Денеска ви откриваме како да направите три прекрасни празнични украси, за кои ќе ви треба само картон од јајца, ножици, малку боја и малку имагинација и време!
Крако видео покажува како да направите прекрасен украсен празничен венец, уникатни украси во облик на цвет и симпатична елка со украси по ваш избор.
Одвојте малку време, засукајте ги ракавите и направете прекрасни украси од она што веќе го имате дома!
