МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-3 Берово, -1 Лазарополе, 0 Битола, Струмица, Маврови Анови, 1 Крива Паланка, Тетово, 2 Скопје-Петровец, Прилеп, Штип, Демир Капија, 3 Дебар, Куманово, Попова Шапка, 4 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, Крушево, 5 Виница, 7 Гевгелија, 10 Дојран.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Во текот на ноќта беше ведро. Утрово е сончево и студено, во југоисточните делови со мала до умерена облачност, а во Демир Капија има појава на слаба магла.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Сончево, во југоисточните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 21 степен.
Во Скопје сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 18 степени.