Македонија

30 дена ремонт на Блок 1 во РЕК Битола – од денеска во функција ѝ

30 дена ремонт на Блок 1 во РЕК Битола – од денеска во функција ѝ

АД ЕСМ соопшти дека денеска започна ремонтот на Блок 1 на РЕК Битола, и во следните триесетина дена на постројката ќе бидат извршени неопходните зафати со цел зголемување на нејзината стабилност и доверливост во текот на претстојната грејна сезона.

Заради енергетската криза во која се наоѓа Република Северна Македонија и Европа и потребата од континуирано и зголемено производство на електрична енергија, ремонтот на Блок 1 на РЕК Битола ќе се изведува пократко од вообичаениот период

Потребите за електрича енергија на граѓаните и малите потрошувачи се задоволуваат целосно преку другите производни капацитети на АД ЕСМ. Од денеска во погон е ставен РЕК Осломеј, а од 22 септември започнува со работа и ТЕЦ Неготино.

По завршувањето на ремонтот на Блок 1, планирани се ремонтни активности и на Блок 2, додека Блок 3 се очекува да биде ста ен во функција на почетокот на ноември, информираат од АД ЕСМ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни