Свет

300 луѓе и повеќе од 1.000 куќи се затрупани по лизгање на земјиштето во Папуа Нова Гвинеја

300 луѓе и повеќе од 1.000 куќи се затрупани по лизгање на земјиштето во Папуа Нова Гвинеја

Повеќе од 300 луѓе и повеќе од 1.100 куќи беа затрупани по лизгањето на земјиштето што го срамни со земја оддалеченото село Каокалам во северниот дел на Папуа Нова Гвинеја, а се стравува дека стотици луѓе се мртви, објавија денес локалните медиуми, цитирајќи локални власти.

Австралиската јавна телевизија денес објави дека четири тела биле извлечени од областа откако екипите за итни случаи пристигнале во ретко населената област, пренесе Ројтерс.

-Свлечиштето го блокираше пристапот до автопатот, така што единствениот можен начин да се стигне до областа беше со хеликоптер, известија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни