Обилните дождови предизвикаа поројни поплави во кои загинаа најмалку 31 лице, а десетици се исчезнати во северен Авганистан, соопшти денеска државната новинска агенција, пренесе Асошиејтед прес.
Новинската агенција Бахтар објави дека поплавите се случиле во неделата во северната провинција Парван. Меѓу загинатите има жени и деца, а 17 лица се повредени.
Во извештајот се вели дека најмалку 100 луѓе се уште се водат како исчезнати, а операцијата за пребарување и спасување е во тек.
Поројните поплави однесоа десетици куќи во трите погодени области на Парван. Покраината е опкружена со планини и често е сведок на поплави од обилните дождови.
Локалната метеоролошка служба соопшти дека во наредните денови се очекуваат нови врнежи во повеќето од 34-те провинции во Авганистан. Поројните дождови и поројните поплави низ целата земја убија 40 луѓе во јули и 19 претходниот месец.