Македонија

33 годишен маж од Карбинци силувал малолетничка и и пренел заразна болест!

33 годишен маж од Карбинци силувал малолетничка и и пренел заразна болест!

На 08.06.2026 во 13:50 часот, Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.Т.(33) од село во општина Карбинци.

Тој се сомничи дека во периодот од јануари до март 2026 година, додека престојувал во домот на едно семејство во светиниколско село, вршел полови дејствија, ја соблекувал и допирал по телото нивната малолетна ќерка, при што ѝ пренел и заразна болест, што е потврдено од Институтот за судска медицина Скопје при преглед на детето и на него.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторени кривични дела „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 и „пренесување заразна болест“ по член 205 од Кривичниот законик.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни