Свет

Повторно еруптираше вулканот на Исланд

Повторно еруптираше вулканот на Исланд

На полуостровот Рејкјанес, на југозапад од Исланд, вулканот денеска повторно еруптираше, што е петта ерупција на тој вулкан од декември.

Новата ерупција се случила по еруптивната активност на вулканот која траела речиси осум недели, објави Ројтерс.

Властите предупредија на ризикот од обнова на вулканска активност во областа јужно од главниот град Рејкјавик, бидејќи студиите покажуваат дека магмата се акумулирала под земја.

Научниците предупредуваат дека ерупциите може да се случуваат повторно и повторно во Рејкјанес со децении, па дури и со векови.

Ова е осма ерупција на полуостровот од 2021 година, кога геолошките системи кои беа неактивни околу 800 години повторно станаа активни.

За време на претходните ерупции, централното греење беше прекинато, клучните патишта беа затворени и неколку куќи беа израмнети во рибарскиот град Гриндавик, каде што оттогаш се вратија само неколку жители.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни