Алармантен тренд во Холандија – има нагло зголемување на бројот на 3D печатени оружја или делови од оружје, соопшти полицијата.
Создавањето оружје отсекогаш било поврзано со големи производители или компании. Самиот по себе, процесот на дизајнирање и создавање на оружје од нула е сложен, бидејќи бара скапа специјализирана опрема, како и сериозно техничко знаење и искуство.
Сепак, новите технологии во областа на 3D печатењето стануваат подостапни и сега овозможуваат производство на оружје. Така, минатата година, полицијата во Холандија пронашла 14 печатени оружја или делови за нив, како и голем број места каде што се печатат во поголем обем. Годинава се запленети повеќе слично оружје.
Поседувањето каков било вид оружје без дозвола е кривично дело во Холандија, но печатењето во 3Д не е.
Засега нема познати случаи на употреба на вакво оружје таму, но полицијата се залага за законски измени пред да биде предоцна.